Лига на шампиони

Вардар победнички тргна во одбрана на титулата, Монпеље падна во Франција

Исто како и минатата година, Вардар сезоната ја почна со победа на гостински терен кај Монпелје, европскиот шампион славеше со 33:31.

Новата сезона од Лигата на шампионите Вардар ја почна со победа, славеше кај Монпелје со два гола разлика.
 
Натпреварот беше изедначен, многу често и двете екипи се менуваа во водство, на крај пресуди карактерот на Вардар, шампионскиот менталитет кои го имаат играчите на Писонеро.
 
Монпелје со водство од еден разлика го заврши првото полувреме 17:16, водеа и во значителен период од вториот дел, но финишот му припадна на Вардар кој на крајот победи со 33:31.
 
Ракометарите на Монпелје успеаа да го затворат Криштопанс, но не се снајдоа против ниските и брзи ракометари како Скубе и Атман. Голманите немаа некој посебен ден, но Гебдане имаше две интервенции во клучен период, кога се кршеше резултатот.
 
Најефикасни во составот на Вардар беа Скубе и Дибиров со по шест голови.
 
Следниот викенд Вардар го игра првиот домашен меч од Лигата на шампионите, во Скопје гостува Порто.

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе