Суперлига

Вардар победи, но Металург се покажа во одлично издание

Вардар го победи Металург во Автокоманда со 31-27, црвено-црните се испотија повеќе отколку што се предвидуваше. 

Фото: РК Вардар
Металург не направи изненадување но одигра одличен меч против Вардар кој со оваа победа отиде чекор поблиску кон одбрана на титулата.
 
Металург ги одигра, веројатно, најдобрите 30 минути оваа сезона во плејофот, имаше тенко водство, но во 27. минута се одлепи на 14-11. Сепак, искусно и присебно, Вардар се врати, а со пенал во последните секунди изедначи на 15-15 на паузата.
 
На почетокот на вториот дел продолжи силно и поведе со 17-15, што значеше серија од 6-1, ако се смета од таа 27. минута. Во продолжение вардарци го негуваа водството, функционираше добро нивната одбрана 5-1, па растеше и водството. Во 52. минута достигна 29-24 и стануваше јасно дека неизвесноста заврши за овој натпревар. Вардар победи со 31-27.
 
Најефикасни на овој меч беа двете крила на хрватската репрезентација, Иван Чупиќ од Вардар и Златко Хорват од Металург кои постигнгаа по седум гола. Тимур Дибиров додаде шест гола, а Мартин Серафимов и Василие Калуѓеровиќ постигнаа по пет.
 

Легенда под Главна слика

Фото: РК Вардар

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе