Лига на шампиони

Вардар по победа против Турингер за перфектен крај на групната фаза

Вардарки денеска го пречекуваат Турингер во последниот натпревар од групната фаза, доколку ја повторат играта од минатите средби се очекува да забележат и шестата победа која ќе им обезбеди крај со перфектен скор.

Вардар е единствениот тим во Лигата на шампионите кој по првите пет кола оваа сезона има исто толку победи. „Црвено-црните“ ракометарки вечерва го имаат последниот предизвик во групната фаза, на гости им доаѓа Турингер.
 
Македонскиот шампион е апсолутен фаворит во овој натпревар, Турингер беше совладан и во Германија со убедливи 29:21, па би било големо изненадување било кој резултат освен победа на Вардар.
 
Вардар во претходното коло го завери првото место, но победата против Турингер е важна за во наредната фаза да се пренесат максимални осум бода доколку и Германките се пласираат понатаму.
 
Вардар и на овој натпревар ќе биде без Андреа Лекиќ и Мирјета Бајрамовска кои се повредени.
 
„Ова е последен меч во групната фаза и е особено важен за нас. Потребни ни се овие бодови за да можеме да пренесеме повеќе бодови во следната фаза. Имаат добра екипа, иако ги победивме со осум гола разлика. Тоа сега нема ништо да значи, и тие ќе се борат за бодовите бидејќи и нив им е важно да освојат бодови. Ќе се бориме сите 60 минути и верувам ќе ги израдуваме навивачите", вели тренерот Ирина Дибирова.
 
Натпреварот се игра вечерва (петок) со почеток од 19:00 часот.

Брисел не мора да има шпион во Кремљ за да дознае дека Москва ќе стори сè што може за да ја спречи Македонија да се приклучи во НАТО - не поради нејзиното стратегиско значење, туку поради симболичната вредност на потегот, вели политичкиот експерт Иван Крастев за Гардијан.

повеќе

Македонија не е единствената жртва на ваквото здодевно силеџиство на Грција. Грчката влада се расправа и со Албанија и со Турција, вели принцот Мајкл од Лихтенштајн.

повеќе

Нема законски пречки да се снима полициски службеник за време на вршење на должноста, иако полицијата се противи на тоа.

повеќе