Лига на шампиони

Вардар по голема борба загуби на гостувањето кај Мешков Брест

Вардар со пораз тргна во новата сезона од Лигата на шампионите, македонскиот тим храбро се бореше до крајот на мечот но беше поразен од Мешков Брест со 24:22. 

Вардар имаше шанси за победа, неколку пати водеше со два гола предност, но Мешков Брест беше подобар во финишот и на крајот дојде до триумфот.
 
Ракометарите на Стевче Алушовски храбро се бореа во текот на мечот, одличен настап имаше и Борко Ристовски, но сето тоа не беше доволно за да се избегне пораз на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите.
 
На почетокот на мечот се играше гол за гол, потоа Мешков Брест успеа да се одлепи и да поведе со 11:7, но Вардар брзо се врати, на полувремето беше 12:10 за домаќинот.
 
Мешков на стартот од вториот дел уште еднаш дојде до највисоките четири голови предност, но брзо потоа следуваше фантастична серија на Вардар од 6-0 со која поведе со два гола разлика.
 
Вардар водеше со 22:21, имаше и напад за два гола разлика но Јотиќ не реализираше, потоа следуваше серија од 3:0 на Мешков Брест по која дојдоа до победа од 24:22.
 
Вујин со шест голови беше најефикасен во составот на Вардар, Чупиќ постигна пет, Дисингер четири, Борко Ристовски беше одличен со 12 одбрани. Кај Мешков Брест Паниќ постигна седум гола, Валупу шест.
 
Следниот меч на Вардар од Лигата на шампионите е на 24 септември кога во Скопје пристигнува Елверум.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе