Двојна круна

Вардар по 15. пат стана шампион на Македонија

Ракометарите на Вардар со убедливи 37-25 го победија Тиквеш и по 15. пат станаа шампиони на Македонија, седми пат по ред. 

Вардар ја освои двојната круна, по пехарот во купот денеска со победа над Тиквеш во последното коло ја завери и титулата во домашното првенство.
 
По триумфот во Битола над Пелистер, како што и се прогнозираше сите мечеви заклучно со денешниот за Вардар беа само формалност.
 
Во денешната победа над Тиквеш, Дибиров и Талески беа најефикасни со по десет гола, а одличен на голот беше и Мартин Томовски. Во составот на тимот од Квадарци, Страхиња Симиќ даде седум голови, Јане Јанчев шест.
 
Пред почетокот на натпреварот Вардар се збогуваше со неколку ракометари, браќата Њокас, Валчек, Додиќ, Диало и Тото.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе