Лига на шампиони

Вардар падна и од петтото место, убедлив пораз од Порто

Вардар се распадна во второто полувреме и доживеа тежок пораз на гостувањето кај Порто од 30:22, на коло пред крајот се наоѓа на шестото место на табелата. 

Вардар ќе добие тежок противник во осминафиналето од Лигата на шампионите откако не успеа да победи на гостувањето кај Порто и падна на шестата позиција на табелата, последната која носи во нокаут фазата.
 
Европскиот шампион се носеше во првото полувреме, најмногу поради маестралните 30 минути на Кизиќ во кои младиот голман фати девет удари на Порто. На одморот се замина со предност на Португалците од 11:10.
 
Второто полувреме почна со серија од 7-1 за Порто, Вардарци изгледаа немоќно и тука веќе беше јасно кој ќе биде победник на натпреварот, само беше прашање со кој резултат.
 
На Вардар ништо не му одеше, расположен беше само Шишкарев, во вториот дел ниту голманите не беа на ниво. Конечниот резултат беше 30:22 за Порто.
 
Шишкарев со седум голови беше најефикасен кај Вардар, Дибиров, Калараш и Скубе погодија по три пати, Кизиќ мечот го заврши со десет интервенции.
 
Во последното коло, на 29 февруари Вардар го пречекува Монпелје со победа може да заврши на петтата позиција но само ако Порто загуби со Мешков кој веќе е испаднат.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе