СЕХА лига

Вардар овој месец ќе го одигра реванш четвртфиналето против Нексе во СЕХА лигата

Вардар потврди дека на 29 август ќе го пречека Нексе во реванш четвртфиналниот натпревар од СЕХА лигата. 

Мечот во Нашице го доби Вардар со 31:30, а кога требаше да се одигра реваншот сезоната беше прекината поради коронавирусот.
 
Работите полека почнаа да се враќаат во нормала, па реваншот меѓу Вардар и Нексе доби нов теремин. Клубот потврди дека возвратниот дуел ќе се одигра на 29 август.
 
Вардар ќе биде голем фаворит во овој меч и со победа ќе се пласира на завршниот турнир каде што ќе се сретне со ППД Загреб кој веќе обезбеди место во полуфиналето.
 
Во полуфиналето е и Мешков Брест, а ќе биде и Веспрем бидејќи нивниот дуел со Војводина се очекува да биде само формалност по победата од 31:26 во првиот меч.
 
Натпреварот ќе се игра без публика, а ТВ пренос ќе има на МТВ и Арена.

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе