Лига на шампиони

Вардар оваа година ќе го одигра одложениот меч со ПИК Сегед

Вардар потврди дека има нов термин за мечот со ПИК Сегед на гостински терен, тој ќе се одигра на 22 декември оваа година. 

Вардар, ПИК Сегед и ЕХФ договорија нов термин за одложениот меч од третото коло во Лигата на шампионите.
 
„Одложениот натпревар од 3. коло од групната фаза на ЕХФ лигата на шампионите против ПИК Сегед ќе го играме на гостински терен на 22 декември 2020 година.
 
ЕХФ заедно со клубовите го договори терминот за одигрување на средбата што првично беше одложена поради карантинот на домашната екипа. Овојпат средбата е закажана во вториот вечерен термин, од 20,45 часот.
 
Деновиве и ракометарите на Вардар 1961 би требало да почнат со редовно тренирање откако ќе заврши задолжителниот карантин и ќе бидат извршени потребните тестирања“, стои во соопштението на Вардар.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе