РК Вардар

Вардар од Загреб донесе замена за Скубе

Анте Гаџа од ППД Загреб пристигнува во Вардар, тој е играчот кој ќе ја засили централната бековска позиција за која се бараше решение по заминувањето на Скубе.

Централната бековска позиција беше една од оние кои требаше да се пополнат за следната сезона во Вардар, од денеска нов член на клубот е Анте Гаџа, тој ќе биде замената за Скубе.

Анте Гаџа имаше одлична сезона со Загреб, постигна 40 погодоци во Лигата на шампионите и беше прв асистент на хрватскиот тим.

Останува уште да се најде прва опција за десната бековска позиција, се шпекулира дека тоа ќе биде искусниот Марко Вујин.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе