Новиот сопственик на Вардар продолжува да го крои тимот за следната сезона. Црвено-црните во своите редови ќе имаат и Португалец.
Се работи за 22-годишниот централен бек Мигел Мартинс Соареш кој иако е толку млад беше еден од главните играчи на Порто.
Висок е 192 сантиметри. Лани во Скопје на Вардар му даде четири гола кога со Порто гостуваше во „Јане Сандански“. Беше трет стрелец во тимот, но тој беше и вистински креатор на играта, головите не се единственото мерило за неговите квалитети.
Тој беше и важен дел од португалската репрезентација на Европското првенство која направи изненадување и заврши на шестото место. Сораеш Соареш постигна 19 голови, имаше и 25 асистенции.
Вардар задржа дел од клучните играчи како што се Стоилов, Дибиров, Чупиќ, Дисингер и Калараш, сега следува засилување на тимот со нови ракометари, а ако по утрото се познава денот, црвено-црните и следната сезона ќе имаат силен тим.