„Црвено-црните“ со тежок пораз се враќаат од Полска

Вардар немаше сили за ново изненадување, Кјелце дома слави убедлива победа

Кјелце ја доби пресметката со Вардар во 8. коло од Лигата на шампионите, шампионот на Полска ја искористи предноста на домашниот терен и забележа убедлива победа од 35-25

„Црвено-црните“ минатиот викенд со многу проблеми поради повреди одиграа храбро, Дибиров и Чупиќ одлично надполнија како бекови и помогнаа Вардар да се избори за реми против Кјелце. Сепак, избраниците на Кокшаров вечерва немаа сили за ново изненадување и загубија со високи десет гола разлика.

Кјелце подобро го отвори мечот, домаќините тргнаа агресивно и по пет минути игра се одлепија на три позитива (4-1). Потоа следуваше период во кој Вардар беше рамноправен, но Кјелце го подигна нивото на игра и во три наврати имаше највисоки +5. Сепак, во финишот на првиот дел, „црвено-црните“ одговорија, стигнаа до минус два, но во последните секунди Кулеш реализираше и на пауза се замина со резултат 17-14.

Второто полувреме започна со гол на Дисингер, но шампионот на Полска потоа ја превзеде инцијативата. Наподот функционираше одлично, Волф на голот беше одличен, па Кјелце полека почна да се одлепува и во 50. минута од мечот имаше високи +7 (28-21).

Веќе тука беше јасно кој ќе слави на мечот, но домаќините не се опуштија, па дополнително ја зголемија предноста и на крајот триумфираа со 35-25.

Дибиров со 9 погодоци беше најдобар поединец во редовите на Вардар, Скубе постигна шест, а Стоилов пет гола. Голманите одново имаа катастрофален натпревар, младиот Кизиќ доби шанса и во еден момент имаше четири одбрани, повеќе отколку заедно другите двајца поискусни голмани.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе