Лига на шампиони

Вардар не успеа очајното прво полувреме да го надополни во второто, нов пораз од Пик Сегед

Вардар го доживеа петтиот пораз по ред во Лигата на шампионите откако загуби во „Јане Сандански“ од Пик Сегед со 27-30, македонскиот шампион одигра лошо прво полувреме кое не можеше да го поправи во вториот дел. 

Фото: РК Вардар
Вардар поведе со 1-0, но потоа се загуби, Пик Сегед направи неверојатна серија од 8-0 и поведе со 8-1. Таа предност од седум разлика ја одржа до крајот на првиот дел кој го доби со 16-9.
 
Вардар заигра многу подобро во второто полувреме, нападот функционираше како што треба, но негативата од првиот дел беше преголема за да се надополни против така силен противник. Црвено-црните го добија вториот дел со 18-14, но тоа беше доволно само за да се ублажи поразот. Конечниот резултат беше 30-27 за унгарскиот тим.
 
Дибиров и Гаџа постигнаа по пет гола, Талески реализираше четири пати, три гола постигна Оливие Њокас. Во составот на Сегед најдобар беше Шоштариќ со седум голови, Бомбач и Бодо постигнаа по пет. Миклер имаше девет одбрани, Томовски пет.
 
По осум одиграни натпревари Вардар е на шестата позиција со 5 бода, еден повеќе од Загреб.
 
Во следното коло на 2. декември Вардар му гостува на Кил.

Легенда под Главна слика

Фото: РК Вардар

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе