Лига на шампиони

Вардар не успеа да го победи ниту Елверум

Вардар одигра 34-34 против Елверум, црвено-црните во последните секунди примија гол и не успеаа конечно да се израдуваат на победа. 

Вардар остана на последната позиција на табелата откако во првиот меч во „Јане Сандански“ не го победи Елверувам.
 
Натпреварот изобилуваше со голови, особено во првиот дел кој заврши со предност за гоститие од 21-20, се играше речиси без одбрани.
 
Во вторите 30 минути блескав настап имаше Кизиќ кој нанижа десет одбрани, вкупно 12. Но ниту тоа не беше доволно за победа.
 
Вардар имаше највиски четири гола разлика 30-26, но до крајот успеа да постигне само четири голови, а противникот двојно повеќе и со шут во последната акција да дојде до израмнување од 34-34.
 
Пред примениот гол, Вардар имаше шанса да дојде до два гола предност и да го реши победникот, Стоилов не успеа да реализира од ситуација еден на еден против голманот на Елверум.
 
Најдобар стрелец во составот на Вардар беше Гаџа со осум голови, Чупиќ постигна шест, Стоилов пет, кај Елверум Мате и Солстад имаа по пет погодоци.
 
Во среда се игра вториот дуел меѓу Вардар и Елверум, иста така во „Јане Сандански“. 
 

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе