Проблеми во 5 до 12

Вардар не патува за Париз, ковид-19 ги вклучи алармите пред дуелот со ПСЖ

Актуелниот шампион на Македонија и Европа, Вардар не отпатува во Париз за дуелот со ПСЖ во Лигата на шампиони, „црвено-црните" во последен миг го откажале летот поради ковид-19.

Вардар утре требаше да ги одмери силите со ПСЖ но мечот речиси сигурно ќе биде одложен. Експедицијата на „црвено-црните“ го откажа летот за Париз во 5 до 12.

Во редовите на актуелниот шампион на Македонија и Европа има два случаи на ковид-19, па поради стравување за ширење на вирусот помеѓу останатите ракометари, донесена е одлука да не се патува во Париз.

Сега сите ракометари одново ќе биде тестиран а не се исклучува и можноста тимот да оди во карантин од 14 дена што ќе значи одложување на неколку натпревари од најетлиното европско натпреварување во ракомет.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе