- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 80НОВИ / 24h
- 1 од 14
- следно ›
- Контакт
Лига на шампиони
Вардар на свое тло поразен од Мешков Брест, во осминафиналето ќе игра против Веспрем

Во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите, Вардар во Скопје загуби од Мешков Брест. Со овој пораз исчезнаа и сите шанси за шестата позиција, а тоа значи декак во осминафиналето македонскиот тим ќе игра против силниот Веспрем.
Неизвесно беше само на почетокот од мечот, до 5-5, потоа следуваше серија на Мешков Брест од 6-1 со кокја дојде до предност од 11-6. До крајот на полувремето ја зголемија на осум разлика и на одморот заминаа со водство од 20-12.
Вардар играше очајно во одбраната и правеше грешки во нападот. Тимот на Алушовски се обиде да се врати во вториот дел но најблиску што дојде беше -3 во самиот финиш од мечот. На крајот Мешков Брест славеше со 36-32.
Дибиров со девет голови беше најефикасен во составот на Вардар, Гаџа постигна седум, Калараш и Чупиќ по четири, Кантагрел имаше осум интервенции. Во тимот на Мешков Брест незадржлив беше Вајлупов со 12 голови, Скубе постигна седум. Пешиќ имаше девет одбрани.
Вардар групната фаза ја заврши со девет бодови, три победи, три нерешени и дури осум порази. Послаб од нашиот тим беше само Елверум.
Ракомет
Објавено на
04 Март 2021 - 20:26