СЕХА лига

Вардар му се реваншираше на Мотор

Вардар одигра одличен меч и го победи Мотор со 32-27 во натпревар од СЕХА лигата реванширајќи му се за поразот во Украина. 

По двата порази едноподруго во СЕХА лигата, Вардар дојде до победа откако во „Јане Сандански“ го совлада тимот на Мотор.
 
Тимот на Алушовски доминираше во текот на целиот натпревар. Во првите минути беше израмнето, но потоа Вардар почна да прави разлика која на полувремето изнесуваше шест голови, 18-12. Во вториот дел црвено-црните ја одржаваа предноста и на крајот славеа со 32-27.
 
Најдобар стрелец кај Вардар беше Анте Гаџа со осум голови, по шест постигнаа Георгиевски и Дибиров, Борко и Кизиќ имаа по шест одбрани. Кај Мотор, Бокхан постигна шест гола.
 
Вардар ги изгуби шансите за првото место во групата, но со победа во последното коло над Војводина има шанси за втората позиција, под услов Нексе да загуби во Запорожје од Мотор.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе