„Црвено-црните“ се радуваат на 13-та титула

Вардар лесно се справи со Еурофарм и стана шампион на Македонија!

Вардар стана ракометен шампион на Македонија по 13-ти пат откако попладнево лесно се справи со Еурофарм и на две кола пред крајот ја осигура титулата во Суперлигата.

„Црвено-црните“ го добија дербито на првиот и вториот на табелата. За разлика од првиот натпревар во Битола, кој беше прилично возбудлив, денеска во Скопје, Вардар целосно го надигра Еурофарм и лесно славеше со 36-29.

Гостите беа рамноправен противник само дваесетина минути, потоа Вардар заигра на едно повисоко ниво и на пауза замина со +5 (19-14).

На стартот од вторит дел дојде до израз разликата во квалитет, па избраниците на Парондо брзо се искачија на позитива од десет гола (27-17).

Во финишот од мечот, шанса добија резервистите, Еурофарм сврза неколку гола во серија па го направи поразот поподнослив.

Оваа победа значеше дека Вардар ја осигура титулата во Суперлигата на две кола пред крајот. „Црвено-црните“ имаат 24 бода, шест повеќе од Еурофарм, па дури и да загубат во преостанатите два меча, ќе останат на чело на табелата поради подобар скор во меѓусебниот дуел.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе