СЕХА лига

Вардар лесно се справи со Целје, нова победа во СЕХА лигата

Ракометарите на Вардар маршираат сигурно во регионалното натпреварување, овој пат на нивното мени беше тимот на Целје кој го совладаа со 35:27. 

По поразот од Барселона во Лигата на шампионите, Вардар им се врати на победите совладувајќи го Целје во СЕХА лигата.
 
Натпреварот беше решен уште во првото полувреме кое Вардар го доби со 20:10. Ракометарите имаа ветер во грб од фантастичниот Страхиња Милиќ кој имаше десет одбрани во првите 30 минути.
 
Во второто полувреме Вардарци дојдоа и до 11 голови предност, но потоа го намалија темпото и му дадоа на словенечкиот тим шанса да го намали водството и за конечни 35:27.
 
Тимур Дибиров беше најефикасен со седум постигнати голови, а фантастична партија имаше Мартин Поповски со шест голови од шест шута. Страхиња Милиќ го заврши натпреварот со 14 одбрани. Во составот на Целје убедливо најрасположен беше Машковчек со 11 погодоци.
 

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе