СЕХА лига

Вардар лесно победи во Прешов и се искачи на првото место во СЕХА

Вардар запиша нови бодови во СЕХА лигата откако славеше рутинска победа на гостувањето кај Татран Прешов со 29:22 и по четири кола е прв во својата група.

Вардар немаше многу пороблеми да дојде до победата во дуелот со Татран Прешов, шампионот лесно дојде до планираниот триумф, а Писонеро шанса им даде и на оние кои поретко ја добиваат.
 
Татран се држеше во првото полувреме кое го загуби само со два разлика, со 10:8 за Вардар се замина на одморот. Но работите беа поинакви во вториот дел.
 
По 15 минути игра во второто полувреме Вардар веќе водеше со десет голови разлика 23:13, уште во неколку наврати ја имаше оваа предност која беше највисока. На крајот мечот заврши со 29:22
 
Најефикасен во составот на Вардар беше Дибиров со пет голови, по четири постигнаа Горбок и Шишкарев, Пелко и Калараш имаа по три од три, а во листата на стрелци со по еден гол се запишаа и Димитриски и Кукуловски кои добија шанса. Одличен на голот беше Кугис со 15 одбрани, Кизиќ имаше четири.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе