Ќе гледаме врвен ракомет и во наредните сезони

Вардар ќе остане силен, од клубот ќе заминат само тие кои веќе договориле трансфер

Добри вести за Вардар, ракометниот клуб нема да згасне, ниту да биде послаб, се работи на задржување на високото квалитетно ниво, најголемиот дел од играчите ќе останат, а ќе бидат донесени и нови засилувања.

Пресврт во ситуацијата со Вардар. Заминувањето на Самсоненко нема да биде болно како што првично се предвидуваше. Почесниот претседател Михајло Михајловски во изминатите денови работеше клубот да не згасне и се чини дека успеа во намерата.
 
Михајловски синоќа имал состанок со играчите на Вардар и сопственикот Сергеј Самсоненко, се разговарало за иднината на клубот.
 
Во изјава за „Спорт1“, Михајловски потврди дека се прават напори Вардар да го задржи истиот квалитет. Тој вели дека од клубот ќе си заминат само оние кои веќе потпишале договори со други клубови, а останатите ќе продолжат да го носат црвено-црниот дрес.
 
Тоа значи дека од следната сезона играчи на Вардар нема да бидат Карачиќ, Криштопанс, Мораеш, Кисељев и Калараш, останатите остануваат.
 
Сергеј Самсоненко би требало да остане во Вардар, но со значително помало учество во финансиската структура, а ќе се приклучат неколку други македонски компании кои ќе инвестираат и ќе помогнат клубот да го задржи високиот буџет и да продолжи респектабилно да се натпреварува во Лигата на шампионите.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе