Во наредните 14 дена сите спортски мечеви ќе се играат без публика

Вардар ќе ја нема поддршката од публиката за важните мечеви со Нексе и ПИК Сегед

Ракометарите на Вардар ќе го немаат силниот ветер во грб од своите навивачи за престојните мечеви против Нексе во СЕХА лигата и против ПИК Сегед во Лигата на шампионите. 

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок меѓудругото побара сите спортски настани во наредните 14 дена да се играат без публика.
 
Се очекува на денешната седница Владата на Македонија да ја прифати препораката од Комисијата за заразни болести и да донесе забрана за присуство на публика на спортските натпревари.
 
Тоа значи дека Вардар неделниот реванш натпревар од четвртфиналето во СЕХА против Нексе ќе го игра пред празни трибини.
 
Европскиот шампион ќе ја нема поддршката од навивачите и за дуелот против ПИК Сегед кој се игра на 22. март.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе