Познати се шеширите за ждрепката

Вардар ќе го избегне ПСЖ во групната фаза од Лигата на шампионите (ФОТО)

Познати се шеширите пред ждрепката за новата сезона од Лигата на шампионите која ќе се одржи во четврток во Виена, Вардар и ПСЖ се носители.

Вардар како шампион на Европа ќе биде во првиот шешир на ждрепката, рамо до рамо со црвено-црните е ПСЖ, а тоа значи дека овие две екипи нема да се сретнат во групната фаза.
 
Сигурно е и дека во групата на Вардар ќе биде Монпеје, бидејќи тие нема да можат да бидат заедно со ПСЖ поради правилото две екипи од иста земја да не се сретнат во групната фаза. Тоа значи дека Вардар нема да игра со Загреб кој е во шестиот шешир заедно со францускиот тим.
 
 
Во ждрепката за групите Ц и Д е Еурофарм Работник, македонскиот претставник е во четвртиот шешир заедно со Кристијанштад, тоа значи дека Битолчани сигурно ќе играат против вториот шведски тим Савехоф.
 
 
Ждрепката ќе се одржи во четврток во Виена со почеток од 18 часот.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе