Битолчани ја прокоцкаа големата шанса

Вардар ја замолкна Битола, Еурофарм Пелистер ќе почека за титула

Вардар го победи Еурофарм Пелистер со 26-23 во клучниот натпревар за шампионската титула кој се играше во Битола и се качи на врвот на табелата со еден бод повеќе од ривалот. 

По победата над Вардар во Скопје, на Еурофарм Пелистер денеска му беше доволен и бод за да ја прекине доминацијата на црвено-црните и по долго време да ја освои шампионската титулата.
 
Битола беше на нозе за овој дуел, салата „Боро Чурлевски“ беше одамна распродадена, атмосферата одлична, но Вардар ги разочара битолските навивачи.
 
Момците во црвено-црните дресови изгледаа помотивирано, отколку ракометарите на Пелистер, како повеќе да ја посакуваа победата и на крајот дојдоа до неа. Можеби и притисокот од публиката влијаеше на домашните ракометари кои на моменти не беа на нивото на кое посакуваа навивачите.
 
Натпреварот во најголемиот дел беше неизвесен, а двете екипи се менуваа со водството. Во текот на првото полувреме Вардар имаше една серија од 4-0 и од еден негатива дојде до предност од 10-7, но Пелистер возврати на серијата и брзо изедначи. На полувремето се замина со нерешени 11-11.
 
Беше неизвесно и во вториот дел се до последните минути од мечот кој му припаднаа на Вардар, во самиот финиш скопскиот тим го покажа победничкиот менталитет и дојде до оваа клучна победа од 26-23, надополнувајќи го изгубеното од Скопје.
 
Најдобар кај Вардар беше Куни Моралес со девет голови, одличен беше и Филип Талески со шест погодоци. Во составот на Пелистер, Обрадовиќ постигна пет голови, Граѓан даде четири. Борко Ристовски во финишот од мечот со неколку интервенции направи разлика, вкупно запиша осум интервенции иако бранеше помалку од 20 минути, Томовски имаше шест одбрани, во битолскиот тим Секељ беше исто така на високо ниво со 12 одбрани.
 
До крајот на сезоната има уште три кола, Вардар повторно гостува во Битола, овојпат кај Еурофарм Пелистер 2, потоа игра на гости со Бутел и дома со Тиквеш. Доколку ги добие сите три меча во кој е апсоултен фаворит, ќе ја освои 15. титула шампион на Македонија.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе