Супер Глоуб

Вардар ја совлада Ал Вехда, од Саудиска Арабија се враќа со бронза и 150.000 долари

Шампионот на Македонија и Европа, Вардар ја доби пресметката со Ал Вехда во мечот за трето место на Супер Глоуб, „црвено-црните" стигнаа до бронза со триумф од 30-26.

Вардар од Саудиска Арабија се враќа со бронза на Супер Глоуб и парична награда од 150.000 долари. Попладнево во мечот за трето место, „црвено-црните“ ја совладаа Ал Вехда со 30-26.

Противникот беше рамноправен во првиот дел и за нијанса подобар, Ал Вехда беше во водство се до 25. минута кога Вардар поведе со 14-13. Сепак, на полувреме екипите заминаа со резултат 16-16.

Шампионот на Македонија и Европа отвори одлично во вториот дел, имаше серија од 5-0 со која креираше опиплива предност која до крајот на мечот рутински ја чуваше и славеше со 30-26.

Чипиќ со седум погодоци беше најдобар поединец во редовите на Вардар, додека Криштопанс реализираше шест гола.

Во финалето на Супер Глоуб ќе се сретнат Кил и Барселона, мечот започнува во 16:20 часот.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе