РК Вардар

Вардар ја признал грешката и сакал да го врати Писонеро назад, тој одбил

Давид Писонеро не успеа да остави впечаток во Вардар како што тоа го направија неговите сонародници Раул Гонзалез и Роберто Парондо, тој не доби ниту шанса, беше отпуштен по првиот пораз во Лигата на шампионите. 

Во изјава за шпанските медиуми, Писонеро тврди дека раководството на Вардар му признало дека избрзале со одлуката за негово разрешување и побарале тој да се врати како прв тренер, но ги одбил.
 
Ми се извинија, ми рекоа дека избрзале со одлуката и повторно ми понудија да бидам прв тренер. Ги одбив бидејќи немаше смисла да се вратам. Сакам да останам во Шпанија но имам важечки договор со Вардар, ако не го раскинам, ќе морам да се вратам во Скопје“, вели Писонеро.
 
„Не сум разговарал со новиот тренер. Сакам да го раскинам договорот и да не се враќам во Македонија“.
 
Откако не успеале да го убедат Писонеро да се врати, Вардар одлучи да го назначи Стевче Алушевски за нов тренер на првиот тим. 

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе