Лига на шампиони

Вардар ја почнува четвртфиналната битка со ПИК Сегед, меч со посебни емоции

Вардар вечерва веројатно за последен пат ќе излезе пред скопската публика во натпревар од Лигата на шампионите како клуб во сопственост на Сергеј Самсоненко.

Ракометарите на Вардар ќе имаат тешка битка со ПИК Сегед за пласман на фајнл-фор турнирот, а работата ја прави уште покомплицирана одлуката на Сергеј Самсоненко да го напушти клубот по крајот од сезоната.
 
Тој ова го соопшти непосредно пред четвртфиналните натпревари, па нејасно е како ќе влијае тоа на ракометарите, дали ќе бидат дополнително мотивирани да дадат се од себе и да си заминат од Вардар во голем стил, или ќе влијае демотивирачки.
 
„Не знам како ќе влијае оваа одлука на натпреварот со ПИК Сегед, ние имавме проблеми цела година, повредени играчи цела година, па тоа не се почувствува. Имаме одлична хемија, одлична атмосфера и можеби ова ќе биде само ветар во грб“, вели капитенот Стојанче Стоилов.
 
Тренерот Роберто Парондо уверува дека ракометарите се фокусирани само на мечот со Сегед.
 
„Сигурно дека изминатиот викенд не беше добар за никого, но јас и играчите мислиме само како да го победиме Сегед, фокусирани сме само на натпреварот. Мора да тргнеме се настрана и да мислиме само на четвртфиналето. Сакаме да одиме во Келн, и мора да победиме“, вели Парондо.
 
Вардар на овој натпревар ќе биде без Дисингер кој се уште е надвор од стројот поради повредата на раката, а го нема и Борозан кој порано замина од клубот поради недоразбирања со раководството.
 
Вардар има многу подобар меѓусебен скор од ПИК Сегед, но унгарскиот тим игра одлична сезона и ако тука се стават и проблемите кои ги имаат црвено-црните, тие се фаворити за пласман на фајнл-фор турнирот.
 
„Јане Сандански“ ќе биде преполн, натпреварот брзо беше распродаден, ракометарите носени од поддршката на гледалиштето веројатно ќе заборават на сите проблеми кои ги имаат, да одиграа на највисоко ниво во сите 60 минути и да дојдат до добар резултат пред реваншот во Унгарија.
 
Натпреварот меѓу Вардар и ПИК Сегед почнува од 20 часот.
 

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе