РК Вардар

Вардар има нов тренер, уште еден Шпанец ќе ги предводи „црвено-црните“

Вардар го најде наследникот на Парондо, европскиот шампион потпиша двегодишен договор со шпанскиот стратег, Давид Хозе Писонеро.

Вардар го потврди новиот тренер, тоа е Шпанецот Давид Хозе Писонеро кој доаѓа од Ваљадолид каде бил тренер во изминатите две сезони. 
 
„Верувам дека клубот бараше некои карактеристики за наследник на Парондо во кои и јас се гледам себе си, и стил на игра што јас го негувам. Јас сакам да работам секојдневно и да размислувам така, и не гледам далеку пред себе. Горд сум што ќе бидам тренер на Вардар и што ќе бидам дел од Лигата на шампионите“, изјави Писонеро за официјалната страна на Вардар.
 
Вардар верува дека Писонеро е вистинското решение за тренерската позиција со кој ќе продолжат да жнеат успеси и во наредните години.
 
„Клубот останува на својата заложба да продолжи по патот што донесе успех, а тоа е да имаме тренер кој знае како да ги склопи сите коцки и од расположливите играчи да извлече максимум. Со Писонеро веруваме дека ќе продолжиме успешно да чекориме по зацртаниот пат. Вардар секогаш бил тим што се борел за виоск пласман без разлика на натпреварувањето. Така ќе биде и во иднина. Во новата сезона имаме убави предизвици пред нас, а ние правиме се да бидеме целосно подготвени за она што не очекува“, изјави Давор Стојаноски.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе