Капитените на екипите ги одбраа најдобрите

Вардар има дури четири ракометари во идеалниот тим од СЕХА лигата!

Капитените на еипите кои учествуваат во СЕХА лигата го одбраа најдобриот тим во регионалното натпреварување, а во него доминираат ракометари на Вардар.

Вардар е актуелен шампион во СЕХА лигата и регуларниот дел го заврши на првото место на табелата со 14 победи и четири порази. Па имаше многу логика во гласањето на капитените за тимот на сезоната.
 
Најдобар голман е Дејан Милосављев, Тимур Дибиров е најдоброто лево крило, Игор Карачиќ е најдобар среден бек, а Данис Криштопанс е најдобриот десен бек. Тоа се четирите вардарови ракометари кои се најдоа во идеалниот тим.
 
Покрај нив, во тимот се лев бек, Петар Џорџиќ од Мешков Брест, десно крило е Златко Хорват од Загреб, Марин Шипиќ од Нексе и пивотот, Павел Хорак од Мешков Брест е најдобар дефанзивец. 
 
МВП наградата за најкорисен играч ја доби Златко Хорват од Загреб. А најдобар тренер Маноло Каденес од Мешков Брест.
 
Целиот тим е составен од играчи кои ќе настапат на завршниот фајнл-фор турнир кој ќе се одржи во Брест на почетокот од април.
 

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе