Шампионот на Македонија се рехабилитираше по поразите од Веспрем и Кил

Вардар им се врати на победите, Мешков Брест падна во Скопје

По двата големи порази од Кил и Веспрем, Вардар повторно почна да победува, европскиот шампион ја оправда улогата на фаворит и го совлада Мешков Брест со убедливи 36-31.

Непријатните порази од Кил и Веспрем се минато, Вардар денеска имаше идеален противник да ја прекине низата порази во Лигата на шампионите и го направи тоа, пред своите фанови, „црвено-црните“ го совладаа Мешков Брест со високи 36-31.

Натпреварот почна израмнето, одбраните беа слаба страна на двата тима па се играше ефикасно. Вардарци во еден момент успеаа да се одлепат на четири гола разлика, но Мешков се врати. На одморот Вардар замина со водство од 19:17.

Вардар тргна фуриозно во вториот дел, влезе со серија од 3-0, поведе со пет голови разлика и до крајот го контролираше мечот зголемувајќи ја предноста. Конечниот резултат гласеше 36-31 за Вардар.

И на овој натпревар се виде дека голманите се најголемиот проблем во моментов, Кебдан и Кугис речиси ништо не фатија. Во финишот од мечот шанса доби и Кизиќ кој со неколку интервенции ја крена публиката на нозе и покажа дека треба да добива поголема минутажа на натпреварите.

Најефикасен во составот на Вардар беше Криштопанс со девет голови, Чупиќ постигна седум, Скубе шест, Калараш пет.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе