СЕХА лига

Вардар им се врати на победите, Дибиров и Атман донесоа триумф против Војводина

Требаше да дојде СЕХА лигата за Вардар да им се врати на победите, шампионот славеше на гостувањето кај Војводина со 35:33. 

По три последователни порази во Лигата на шампионите, Вардар доби меч од СЕХА лигата. Не беше лесно против Војводина, домаќините имаа предност и од пет голови разлика, но со одлична игра во второто полувреме македонскиот тим дојде до триумф.
 
Во првото полувреме одбраната на Вардар заедно со голманите беше на очајно ниво, Војводина успеа да дојде и до највисоки пет голови разлика а на одморот замина со четири, 20:16.
 
Но сосема друго беше во вториот дел, Вардар ја стегна одбраната, Гедбане имаше неколку интервенции во вистинско време и почна да се топи предноста на Војводина, на крајот македонскиот тим дојде и до лесна победа во мирен финиш. Конечниот резултат беше 35:33.
 
Дибиров со 11 и Атман со 10 погодоци беа главните вардарови играчи на овој натпревар. Во составот на Војводина Грозданиќ постигна 11.
 
Вардар има уште два меча од групната фаза во СЕХА лигата, го пречекува Татран Прешов и му гостува на Нексе.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе