Фуриозен финиш за огромна победа

Вардар го растури ПИК Сегед, Келн, чекај нè, доаѓаме!

Во фантастична атмосфера во „Јане Сандански“ Вардар оствари голема победа против ПИК Сегед од 31:23 и направи огромна предност пред реваншот во Унгарија. На добар пат е повторно да игра на фајнл-фор.

Со фуриозен финиш Вардар дојде до голема победа против ПИК Сегед, во Унгарија ќе брани предност од осум гола, која треба да биде доволна за нов фајнл фор во Келн.

Ова беше натпревар со големи емоции, Вардар за последен пат во ваков силен состав како клуб на Сергеј Самсоненко настапи на натпревар од Лигата на шампионите во „Јане Сандански“. Преполното гледалиште направи фантастична атмосфера и се прости од своите херои.

Натпреварот почна изедначено, се играше гол за гол во првите минути, Вардар првпат поведе во десеттата минута (4-3). Брзо потоа дојде периодот на македонскиот тим, следуваше серија од 4-0 за водство од 8-4. Црвено-црните за кратко време поведоа и со највисоки пет разлика (11-6), но финишот му припадна на ПИК Сегед. Гостите од Унгарија направија серија од 5-1 и намалија на само еден разлика 12:11. Првото полувреме заврши со два позитива за нашиот тим 14:12. 

Вториот дел беше израмнет во најголемиот свој тек, но Вардар имаше неверојатен финиш, голови паѓаа од сите страни, ПИК Сегед изгледаше немоќно во жешката скопска сала. На крајот црвено-црните победија со фантастични 31:23.

Криштопанс и Карачиќ со по осум гола беа најефикасни во составот на Вардар, одличен беше и Скубе со шест погодоци, Милосављев имаше десет одбрани.

Реваншот се игра во Сегед на 5 мај, Вардар ќе брани огромни осум разлика за пласман на завршниот турнир во Келн, каде што ќе биде трета година по ред.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе