РК Вардар

Вардар го потврди ангажманот на браќата Њокас

Кевин и Оливие Њокас се нови засилувања на Вардар, тие дојдоа да играат во Металург, но брзо се префрлија во македонскиот шампион.в

Поранешните француски репрезентативци, Кевин и Оливие Њокас потпишаа едногодишни договори со Вардар и се приклучија на тренинзите со останатите ракометари, потврдија од клубот.
 
Завршени се сите формалности околу нивниот трансфер и двајцата се пријавени за домашното првенство и Лигата на шампионите.
 
Со доаѓањето на браќата Њокас, Вардар ги засили бековските позиции. Кевин игра на позицијата лев бек, додека Оливие е десен бек.

Оливие има 32 настапи и 69 гола за француската репрезентација и златен медал од СП 2017 година во Франција. Тој лани играше во францускиот Нан. Има златен медал од СП 2017 и сребро од Олимпијадата во 2016 година.

Кевин последниве три сезони играше во Бенфика, на позицијата десен бек, а во својата кариера има играно уште за францускиот Кретеј и бундеслигашите Гепинген и Гумерсбах.За репрезентацијата на Франција има 41 настап и 57 голови, два златни медали од ЕП 2014 и СП 2015 година.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе