РК Вардар

Вардар го потврди ангажманот на Георгиевски и Талески

Вардар потврди дека потпиша договори со двајцата македонски репрезентативци, Гоце Георгиевски и Филип Талески. 

Иако од поодамна се знаеше дека Георгиевски и Талески ќе бидат нови ракометари, клубот денеска официјално го потврди нивниот ангажман.
 
Георгиевски се обврза за двегодишна соработка, додека Талески стави потпис на едногодишен договор.
 
„Двајца репрезентативци на Македонија во новата сезона ќе го носат дресот на Вардар. Десното крило Гоце Георгиевски потпиша договор до 2022 година, додека левиот бек Филип Талески потпиша едногодишен договор“, стои во соопштението на Вардар.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе