СЕХА лига

Вардар го победи Загреб во дербито на СЕХА и се искачи на првото место!

Вардар и Загреб одиграа изедначен натпревар кој на крајот го доби македонскиот тим со 28:26 и сега е осамен на врвот на табелата во СЕХА лигата.

Дербито на СЕХА лигата меѓу Вардар и Загреб донесе неизвесен меч по кој се радуваше македонскиот тим и се реваншираше за загубениот натпревар во Хрватска.
 
Вардар почна бавно, Загреб на почеток направи голема предност од 5-1, но како одминуваше натпреварот работите си дојдоа на свое. Тимот на Парондо се врати во мечот, а на одморот замина со предност од 13:12.
 
Неизвесно беше и во вториот дел, Загреб направи пресврт и повторно поведе, но тоа не траеше многу. Вардар повторно поведе, сепак во последните две минути се влезе со 26:26. Во самиот финиш Вардарци се снајдоа подобро, дадоа два гола, не примија ниту еден и победија со 28:26.
 
Најефикасен во Вардар беше Кристијан Дисингер со седум голови, по четири постигнаа Криштопанс и Киселев. Одличен беше Гебдане со десет одбрани. За Загреб, Иван Сршен постигна осум погодоци.
 
По 15 одиграни натпревари Вардар е на првата позиција со 39 бода, Загреб и Нексе имаат по 36.
 
Вардар сега се фокусира на Лигата на шампионите, во сабота го пречекува тимот на Монплеје во последното коло од групната фаза.
 
Следниот меч во СЕХА лигата е против Мешков Брест на 5. март во Скопје.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе