СЕХА лига

Вардар го победи Нексе и постави нов рекорд во СЕХА лигата!

Вардар се помачи да го победи Нексе во последното коло од лигашкиот дел во СЕХА лигата но на крајот славеше со 29:25 и постави нов рекорд во регионалното ракометно натпреварување.

Вардар регуларниот дел од сезоната го завршува со 17 победи и едно реми со што го помина Веспрем кој исто така беше без пораз во сезоната 2015/16 но имаше две нерешени средби.
 
Шампионот ја поправи одбраната за разлика од минатата средба, но тешко одеше во нападот. Нексе беше во игра до последните минути од натпреварот кога Вардар успеа да искористи неколку грешки на противникот и да дојде до победа од четири гола разлика.
 
Лука Циндриќ беше играчот кој ги промени работите, иако играше само во второто полувреме успеа да постигне седум гола и да биде најефикасен на мечот. Одличен беше и Страхиња Милиќ со 14 одбрани.
 
Со овој натпревар Вардар го заврши лигашкиот дел од СЕХА лигата, сега чека да финишираат и останатите мечеви од последното коло за да дознае кој ќе му биде противникот на фајнл-фор турнирот кој ќе се игра во Скопје.

Операциите направени кај повеќето интерсексуални новороденчиња е од козметички причини.

повеќе

Внимателноста во водењето на преговорите за името и изјавите околу нив сега е повеќе од нужна.

повеќе

Во најсеверните делови на грчките региони Западна и Централна Македонија, сите народни ора се инструментални песни. Традиционалните песни во овие региони некогаш имаа зборови - но тие беа на јазик што грчката држава речиси еден век се обидува да го избрише: македонскиот словенски, вели Петрос Карацареас, лектор по англиски јазик и лингвистика на Универзитетот на Вестминстер, Велика Британија.

повеќе