СЕХА лига

Вардар го победи Металург, но трепереше до последната секунда

Вардар и Металург одиграа неизвесен дерби натпревар во кој победи шампионот со 27:26, но тимот од Автокоманда заслужи да остане непоразен. 

Металург во „Борис Трајковски“ му пружи силен отпор на Вардар, можеби го одигра најдобриот натпревар сезонава, во еден момент имаше водство и од четири разлика, но на крајот не успеа да избегне пораз.
 
Последниот напад го имаше Металург, Шпенде се крена, шутираше од девет метри, но топката заврши крај голот на Кизиќ со што пропадна шансата домаќинот да остане непоразен.
 
Металург водеше во најголемиот дел од натпреварот, во еден период имаше водство и од дури четири голови разлика 16-12, но Вардар запна во финишот, успеа да ја надополни негативата и во неизвесна завршница да го добие мечот.
 
Криштопанс, Дисингер и Чупиќ постигнаа по пет голови за Вардар, Кизиќ имаше 14 одбрани. Во составот на Металург најефикасен беше Шпенде со шест постигнати гола, Даниловски запиша девет одбрани.
 
По десет одиграни кола во СЕХА лигата Вардар е прв со 24 бода колку што има и Загреб, Металург е на деветото место со само четири бода.

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе