Вардар тешко дојде до триумфот против Елверум кој водеше во поголем дел од мечот, но тимот на Алушовски беше подобар во финишот и дојде до многу важен триумф.
Црвено-црните добро го почнаа мечот, дојдоа и до три гола предност 9-6, но на одморот се замина со три разлика за Елверум, 20-17. Одбраната не функционираше, Вардар лесно примаше голови во првите 30 минути.
Во вториот дел Вардарци ја зацврстија играта во одбраната и тоа даде резултат. Клучен беше финишот од мечот. Елверум имаше водство од 32-30 кога Вардар започна серија од 5-0 и го доби натпреварот со 35-32.
Одбраните на Кантагрел во второто полувреме му дадоа ветер во грб на Вардар, најефикасен беше Дибиров со девет голови, Георгиевски постигна шест, по четири реализираа Чупиќ, Гаџа и Шеваљевиќ.
Со овој триумф Вардар конечно се издигна од дното, се качи на седмото место со бод повеќе од Елверум но и натпревар повеќе од овој тим.