РАКОМЕТЕН СУПЕРКУП НА МАКЕДОНИЈА

Вардар го освои првиот Суперкуп на Македонија

Вардар ја оправда улогата на фаворит, рутински со 30:25 го совлада Еурофарм Работник и го освои Суперкупот на Македонија кој се одржува по прв пат.

Вардар освои уште еден трофеј, овој пат пехарот од Суперкупот на Македонија откако лесно со пет голови разлика го совлада Еурофарм Работник.
 
Вардар како шампион настапуваше во Суперкупот, а Еурофарм како финалист од минатогодишниот куп.
 
Натпреварот почна изедначено, но како одминуваше времето Вардар ја зголемуваше разликата, на полувремето се замина со водство на „црвено-црните“ од 19:12.
 
Во вториот дел Вардар брзо дојде и до двоцифрена предност, но потоа шампионот се опушти и му дозволи на противникот на крајот да дојде до поднослив пораз од 30:25.
 
Вардар настапи со комбиниран состав, целиот меч го бранеше младиот Ѓорѓески, а шанса добија и Ончев и Попоски. 
 
Најефикасни кај Вардар беа Шишкарев и Криштопанс со по четири гола. Кај Еурофарм Ојлески реализираше осум, Мајнов шест.

Eве ние ве сакаме, ве каниме да ни се придружите, ама за тоа ќе морате да се откажете од најсветото, од вашето „јас“ !?

повеќе

Доколку Нимиц нè разочара, Владата ќе биде исправена пред тешка дилема дали да стави помалку поволен предлог на референдум или да чека поповолен за да ги максимизира шансите референдумот да успее, но притоа и да ризикува губење на моментумот.

повеќе

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе