СЕХА лига

Вардар го доби СЕХА дербито против Татран

Вардар победи во последниот натпревар на домашен терен оваа година откако го доби дербито од СЕХА лигата против Татран Прешов со 23:21.

Вардар се задржа на првата позиција на табелата во регионалното натпреварување откако го совлада третопласираниот Татран Прешов.
 
Првото полувреме помина во изедначена игра, ниту еден тим немаше предност поголема од еден гол разлика, во вториот дел македонскиот тим се одлепи на три голови предност, но Татран успеваше да се враќа. Сепак црвено-црните успешно го приведоа мечот до крајот и не дозволија неизвесна завршница, конечниот резултат гласеше 23:21.
 
Најефикасен во составот на Вардар беше Игор Карачиќ со шест постигнати голови, по три пати реализираа Стоилов, Дисингер и Чупиќ. Одлична партија имаше и голманот Милосављев кој запиша 13 одбрани. Кај Татран, Лапајне со шест голови бешенајдобар поединец.
 
Вардар е на првата позиција со 30 бода од 12 натпревари, втор е Загреб со три бода помалку но и меч помалку, Татран Прешов има 24 бода колку и Нексе.
 
Македонскиот тим во понеделник гостува кај Стеауа Букурешт во 13. коло од СЕХА лигата.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе