Лига на шампиони

Вардар ги распродаде билетите за мечот со ПИК Сегед, ќе има пеколна атмосфера во „Јане Сандански“

Ракометарите на Вардар ќе имаат голема поддршка од трибините во обидот да стигнат до уште еден фајнл-фор турнир, нема веќе билети за четвртфиналниот натпревар против ПИК Сегед.

На 25. април во Скопје почнува четвртфиналната пресметка меѓу Вардар и ПИК Сегед, македонскиот тим ќе се обиде да дојде до победа која ќе го направи фаворит пред реваншот во Унгарија.
 
За таквата цел „црвено-црните“ ќе имаат силна поддршка од трибините, билетите за натпреварот пламнаа веднаш, салата е распродадена и ќе биде исполнета до последното столче.
 
Голема е веројатноста Вардар наскоро да пушти одреден број билети за стоење како што тоа го правеше за претходните натпревари кои се распродаваа неколку дена пред почетокот на мечот.

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе

Додека Бугарите се убедуваат себеси и нас дека Гоце Делчев бил Бугарин, да се потсетиме на некои од Гоцевите искажувања, кои ја одразуваат неговата големина и неговото визионерство.

повеќе