РК Вардар

Вардар ги потврди Павел Атман и Сергеј Горпишин

Павел Атман се враќа во Скопје, тој стави потпис на двегодишен договор со Вардар, со него доаѓа и пикерот Сергеј Горпишин.

Вардар потврди двајца руски репрезентативци, Павел Атман кој во минатото играше за Металург доаѓа од тимот на Хановер, а Сергеј Горпишин кој има само 21 година, доаѓа на позицијата пикер од бундеслигашот Ерланген.
 
„Полека се формира тимот со кој следната сезона ќе играме во одбрана на шампионскиот трофеј. Горпишин е млад и талентиран играч кој веќе зад себе има и интернационално искуство. Добивме многу позитивни препораки за него, го следевме неговиот развој и веруваме дека брзо ќе се вклопи со екипата и ќе биде дел од новиот тим што повторно ќе биде меѓу сериозните кандидати за висок пласман во ЛШ и СЕХА лигата. Павел Атман го познаваме сите и тој со своето искуство и квалитет секао ќе придонесе Вардар да биде подеднакво силен на бековската линија и во иднина, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.
 
Атман кариерата ја почна во тимот на Кустик во 2010 година, а во периодот од 2010 до 2013 настапуваше за Динамо Минска. Потоа две сезони играше во Металург, по што замина за Мешков Брест. Потоа настапуваше и за Хановер. Дел е од репрезентацијата на Русија на последните големи натпреварувања.
 
 
Горпишин е висок е 200 см, а тежок 106 кг. Тој е роден во Германија и кариерата ја започнал во третолигашот Ајнтрахт Хилдесхајм, а потоа две сезони бил дел од второлигашот Спринге, пред да замине во Ерланген.
 
Син е на познатиот руски ракометар Вјачеслав Горпишин дел од златниот тим на Русија од Олимпијадата во 2000 година во Сиднеј.
 
Сега помладиот Горпишин успешно влегува во репрезентацијата на Русија и настапи на СП 2019 година, и играше и во квалификациите за ЕП 2020 година и постигна два гола.
 
 

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе