Во Скопје се игра „мечот на колото“ во Лигата на шампионите

Вардар е подготвен за тактиката „7 на 6“ на Рајн Некар

Вардар во сабота во 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува Рајн Некар во натпреварот на колото од Лигата на шампионите. 

Вардар во сабота игра дерби натпревар против германскиот шампион Рајн Некар кој сезонава игра во одлична форма. 
 
Минатата сезона во групната фаза од Лигата на шампионите, Рајн Некар победи во Скопје благодарение на тактиката „7 на 6“ за која Вардар на тој натпревар не најде решение. Но сега лекцијата е научена.
 
„Ќе играме против шампионите на германска лига, очекувам тежок и чуден натпревар. Чуден бидејќи тие имаат секогаш непријатна тактика „7 на 6", затоа нашата одбрана треба да биде многу подобра. Имаат навистина добри играчи од кои се очекува многу. Многу нешта зависат од тоа како ќе одигра Енди Шмид, тој има добра сезона и од него ќе зависи играта на Рајн Некар. Сега сме поподготвени за тактиката „7 на 6“, тоа го покажавме и против Барселона и ПСЖ на фајнл фор турнирот. Ракометот оди во тој правец и мора да се навикнуваме. Се надевам дека салата ќе биде исполнета до последно место бидејќи ни требаат навивачите. Сега сме прво место и сакаме да остане така до крај“ - вели Раул Гонзалез.
 
Лука Циндриќ е неизвесен, веројатно ќе биде во составот за натпреварот, но нејасно е дали ќе може да настапи.
 
„Циндриќ е подобар и може да игра, но не знам дали ќе биде спремен за овој натпревар бидејќи не тренираше. За еден играч да биде подготвен треба да тренира 6-7 дена. Може е подобро да не ризикуваме бидејќи сме во одлична форма и можеме да го надополниме неговото отсуство“, вели Раул.
 
Капитенот Стоилов вели дека Вардар мора да победува на сите домашни натпревари доколку сака да дојде до успех близок на тој од минатата година.
 
„Рајн Некар е екипа која претходната сезона ни приреди непријатен пораз дома откако ги победивме во Германија. Играат во топ форма, имаат добри играчи и непријатна тактика популарна „7 на 6", но ако сакаме да продолжиме она што го започнавме минатата година, мораме да победуваме на сите натпревари до крај. Очекувам полна сала и добра атмосфера", вели Стоилов.

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе