Лига на шампионите

Вардар е подготвен да ја прекине низата порази во Лигата на шампионите

Вардар во недела го пречекува Мешков Брест во нов меч од Лигата на шампионите, по двата последователни порази европскиот шампион верува дека ќе им се врати на победите. 

Во недела со почеток од 17 часот, Вардар го пречекува Мешков Брест во меч од Лигата на шампионите. Во изминатите две кола македонскиот тим доживеа два катастрофални порази од Кил и Веспрем. 
 
Мешков Брест е добра шанса да се прекине низата порази и повторно да се израдува вардаровата публика.
 
„Знаете дека Мешков Брест е добра екипа и минатата година го покажа и докажа тоа. Ние добро се подготвивме за натпреварот и очекуваме добра игра и победа.За секоја промена треба повеќе, не може работите да се сменат преку ноќ. Се договоривме заедно со екипата да продолжиме понатаму во ист стил, секогаш нашата цел е да победиме“, вели тренерот Кокшаров.
 
„За Атман и Горпишин денеска ќе добиеме информација дали ќе можат да играат во недела. Столе имаше операција и имаше долго опоравување, па потребно е време да влезе во натпреварувачки ритам, тој е подготвен да игра“.
 
Капитенот Стојанче Стоилов вели дека вардаровите ракометари ќе се борат за победа по двата тешки порази.
 
„Тешки два меча во ЛШ, тешки порази, не очекува меч со Брест во недела, имаме доста проблеми со повреди, не се знае кој ќе игра, наше е да излеземе, да се бориме и да победиме“, вели Стојанче Стоилов.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе