Поради ситуацијата со коронавирусот Вардар се уште е актуелен шампион на Европа. Тимот сега изгледа поразлично од лани, но за ЕХФ црвено-црните и понатаму се меѓу најдобрите десет.
„Десет играчи го напуштија Вардар ова лето, а девет пристигнаа, што значи, Стевче Алушовски ќе мора повторно од почеток. Доаѓањето на Марко Вујин и Борко Ристовски ќе го донесе толку потребното искуство. Во нивното прво натпреварувачко појавување во новата сезона, шампионите од 2019 стигнаа до финалето на СЕХА-лигата“, пишуваат од ЕХФ во делот наменет за Вардар.
Вардар е рангиран на осмото место, зад него во топ десет клубовите се Нант кој е деветти и Мешков Брест против кој македонскиот тим во среда ќе ја почне новата сезона во Лигата на шампионите.
Најголем фаворит за трофејот оваа сезона е Веспрем, потоа следуваат Барселона и Кил, ПСЖ на Раул Гонзалес е четврти, пред Вардар се уште Кјелце, ПИК Сегед и Порто.