Во пресрет на Ф4 турнирот во Келн, денеска беше објавен тимот од сонишната за оваа сезона во Лигата на шампионите кој е избран според гласовите на навивачите, новинарите и експертите на ЕХФ.
Вардар доминира и има најмногу преставници, односно дури четворица играчи како и тренерот Роберто Гарсија Парондо. Дејан Милосављев е најдобар голаман, а во Олстар тимот се најдоа и Тимур Дибиров, Даинис Криштопанс и Иван Чупиќ.
Олстар тим во Лигата на Шампиони за сезоната 2018/2019;
голман: Дејан Милосављев - Вардар
лево крило: Тимур Дибиров - Варддар
лев бек: Микел Хансен - ПСЖ
среден бек: Кентан Мае - Веспрем
десен бек: Даинис Криштопанс - Вардар
десно крило: Иван Чупиќ - Вардар
пивотмен: Хулен Агинагалде - Келце
млад играч: Лудовик Фабрегас - Барселона
дефанзивец: Блаж Благотиншек - Веспрем
тренер: Роберто Парондо - Вардар