Има дури пет преставници

Вардар доминира во Олстар тимот на Лигата на шампионите! (ВИДЕО)

ЕХФ го објави Олстар тимот на Лигата на шампионите за сезоната 2018/19, шампионот на Македонија, Вардар доминира и има дури пет преставници.

Во пресрет на Ф4 турнирот во Келн, денеска беше објавен тимот од сонишната за оваа сезона во Лигата на шампионите кој е избран според гласовите на навивачите, новинарите и експертите на ЕХФ.

Вардар доминира и има најмногу преставници, односно дури четворица играчи како и тренерот Роберто Гарсија Парондо. Дејан Милосављев е најдобар голаман, а во Олстар тимот се најдоа и Тимур Дибиров, Даинис Криштопанс и Иван Чупиќ.

Олстар тим во Лигата на Шампиони за сезоната 2018/2019;

голман: Дејан Милосављев - Вардар

лево крило: Тимур Дибиров - Варддар

лев бек: Микел Хансен - ПСЖ

среден бек: Кентан Мае - Веспрем

десен бек: Даинис Криштопанс - Вардар

десно крило: Иван Чупиќ - Вардар

пивотмен: Хулен Агинагалде - Келце

млад играч: Лудовик Фабрегас - Барселона

дефанзивец: Блаж Благотиншек - Веспрем

тренер: Роберто Парондо - Вардар

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе