Лига на шампиони

Вардар доби службени бодови од ЕХФ и си ја подобри ситуацијата на табелата

ЕХФ додели службени бодови за одложените натпревари од групната фаза во Лигата на шампионите, на Вардар му одговара ваквиот развој на настаните. 

Некои добија, некои изгубија од поделбата на службени бодови, Вардар е во тие првите. Од два меча со ПСЖ и еден со Фленсбург, Вардар доби три бода. Реми и пораз со францускиот тим и победа против Германците.
 
 
Доделувањето на бодовите не е од ракав, иако можеби така изгледа на прв поглед. ЕХФ ова го најави уште од декември дека ќе се доделуваат службени бодови за натпреварите кои нема да се доиграат.
 
Екипата која иницирала одложување на мечот, се смета за виновна и таа губи службено. А во мечот меѓу ПСЖ и Вардар имаше два термини, еднаш беше одложено по иницијатива на нашиот тим, а еднаш по иницијатива на францускиот па веројатно затоа е одлучено таа да биде нерешено.
 
Моменталната табела изгледа вака: Кјелце 19, Фленсбург 17, ПСЖ 15, Пик Сегед 12, Мешков Брест 11 (-1), Порто 10 (-1), Вардар 9, Елверум 5.
 
Вардар го има уште натпреварот на домашен терен против Мешков Брест што значи дека со победа може да напредува на уште една позиција во зависност и од другите резултати, но не може да се врати на последното место.
 
Ако успее да стигне до шестата позиција на табелата, Вардар за осминафиналето не само што ќе ја избегне Барселона, туку ќе го избегне и второпласираниот Веспрем.
 

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе