И тоа го дочекавме

Вардар доби и турбо-фолк навивачка химна! (ВИДЕО)

Никој не остана имун на големиот успех на ракометарите на Вардар, фолк пејачот Влатко Алексовски направи песна за европскиот шампион.

Вардар има и турбо-фолк химна. Познатата мелодија од песната „Шошана" која навивачите на црвено-црните долго време ја користат за една од своите навивачки песни, сега ја преработи и фолк пејачот од Крива Паланка, Влатко Алексовски.

Песната „Шошана" сега е актуелна во Бугарија, но таа потекнува уште од 1955 година, оригиналната верзија е од Израел на пејачката Миријам Авигал. А пред да ја откријат Бугарите, во меѓувреме таа е изведувана на шпански, англиски јазик... ја има и во неколку верзии на српски.

Влатко Алексовски по втор пат прави преработка на „Шошана", овој пат во навивачка верзија за Вардар, а претходно за Сузана. Во неговата прва прва преработена варијанта, беше и со сосема поинаков имиџ.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе