Лига на шампиони

Вардар без да игра е елиминиран од Лигата на шампионите, Европа ќе добие нов првак

ЕХФ на денешната видео конференција донесе одлука да не се одиграат осминафиналните и четвртфиналните натпревари од Лигата на шампионите, туку најдобрите четири тима директно да се пласираат на фајнл-фор. 

ЕХФ го активираше планот Б, а тоа значи дека за трофејот оваа година ќе се борат првите две екипи од Групите А и Б, тоа се Кил, Веспрем, Барселона и ПСЖ. Фајнл-фор турнирот ќе се одигра во декември во Келн.
 
Нема да има осминафинални и четвртфинални натпревари, а тоа значи дека актуелниот шампион Вардар е елиминиран без да го одигра двомечот со ПИК Сегед кој на ист начин го завршува натпреварувањето.
 
За разлика од Лигата на шампионите, ЕХФ купот е целосно откажан.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе