Лига на шампиони

Уште еден тесен пораз на Еурофарм Работник во Лигата на шампионите, овој пат од Татран Прешов

Еурофарм Работник загуби со 31:29 на гостувањето кај Татран Прешов во рамките од Лигата на шампионите. 

Битолскиот тим во шестото коло од Лигата на шампионите го загуби петтиот натпревар, и овој пат поразот беше тесен, но не со еден гол разлика туку со два.
 
Во првото полувреме и двете екипи имаа свои периоди, и Татран и Еурофарм имаа водства со по три гола разлика, на одморот домаќините заминаа со предност од 15:14.
 
Во вторит дел Еурофарм Работник повторно дојде до предност, овој пат од 23:22, но потоа следуваше серија од 5-0 на Прешов по која дојдоа до највисоко водство од 27:24.
 
Татран Прешов успеа да ја задржи предноста до крајот за да дојде до победа од 31:29.
 
Остроушко со седум голови беше најефикасниот во составот на Еурофарм Работник, Јотиќ постигна пет, Џукиќ четири. Кај Татран незадржлив беше Рабек кој постигна десет голови.
 

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе